Конференцијата „ЈАС СУМ ЖЕНА“ ќе се одржи на 20 и 21 јули, 2022 со почеток во 17:00 часот до 22:00 часот во Кино Сала Фросина – МКЦ Скопје. Ова е првата најголема женска лидерска конференција во Македонија од ваков тип и учеството за истата е БЕСПЛАТНО. Во програмата се предвидени четири панели во кои ќе учествуваат 15 успешни и амбициозни Македонски жени. Во склоп на конференцијата ќе има и други придружни настани од забавен карактер.
Закажете го Вашето присуство со регистрација за учество на конференцијата ТУКА.
Распоредот е предмет на промени додека го финализираме составот.
СРЕДА, 20 Јули 2022
17:00 – Регистрација
18:15 – Воведен дел на конференцијата
18:30 – Прв Панел – Македонките и кариерните стереотипи со Катерина Климовска
19:30 – Пауза
20:00 – Втор Панел – Македонки во светот со Ана Дукоска
21:00 – Изложба на занаетчики
22:00 – Завршен дел, ден 1
ЧЕТВРТОК, 21 Јули 2022
17:00 – Регистрација
18:15 – Трет Панел – Македонки во бизнис и мултимедија со Илина Пејоска Затуроски
19:15 – Пауза
19:45 – Четврти Панел – Македонки – Креаторки на Јавни Политики
20:45 – Завршно излагање
21:00 – Коктел и Ексклузивна изложба на модни креации на Силвија Михајловска – Алшар